(ВИДЕО) Серија А: Милан „падна“ во 97 минута

Во дерби натпреварот од 29 коло од италијанската Серија А меѓу Јувентус и Милан, славеа домаќините со гол во 97 минута што го постигна Дибале од белата точка – 2:1 (1:1).

„Старата дама“ во текот на целиот меч напаѓаше, Џанлуиџи Донарума бранеше брилијантно, но… На крајот, сепак, се радуваа неговиот идол Џанлуџи Буфон и Јувентус. Донарума не можеше својата екипа да ја сочува од пораз.

Торинските црно-бели поведоа со голот на Бентаи во 30 минута. Алвес центрираше, а искусниот стопер успеа да ја затресе мрежата.

Милан возврати во 43 минута. После одличната акција и сјајното додавање на Делофе, Карлос Бака го измами Буфон и израмни на 1:1.

Јувентус во второто полувреме жестоко напаѓаше, но до трите бодови стигна во самата завршница.

Во петтата минута од судиското надополнување Игуаин прими топка во казнетиот простор на гостите. Одлично шутираше, а Донарума со бравурозна интервенција ја сочува својата мрежа.

Се чинеше дека Милан ќе дојде до голем бод, но за така да не биде се погрижи Дибала.

После тотална офанзива на Јувентус, Де Сиљо играше со рака во својот шеснаесетник, судијата Маса немаше дилема. Покажа на белата точка. Аргентинецот во седмата минута од судиското продолжение погоди за нови три бодови за шампионот на Италија.

milan 2

Останати натпревари од 29 коло: Џенова-Сампдорија (сабота), Сасуоло-Болоња, Фиорентина-Каљари, Интер-Кротоне, Пескара-Удинезе, Палермо-Рома (недела) и Лацио-Торино (понеделник).