Вино со името на Лепа Брена

Фановите на Лепа Брена често на славната пеачка и приредуваат разни изненадувања, но последното југословенската фолк ѕвезда ја остави без здив.

Најпопуларната балканска фолкерка во Скопје од вљубениците во нејзината песна доби вино со своето име.

На шишињата се наоѓа етикета со ликот на Брена.

Таа толку беше воодушевена од овој несекојдневен гест што веднаш се пофали на социјалните мрежи.

Брена објави фотографија на која наздравува со вино, додека пред неа на масата се две шишиња со нејзиното име.