Вкупно 15 лица на Мис Мексико биле заразени со коронавирус

Најмалку 14 од 32 натпреварувачки на изборот за Мис Мексико, и уште едно лице, се заразени со коронавирус, соопштија здравствените власти во сојузната држава Чивава.

Секретарот за здравство, Едуардо Фернандез Ерера за тамошните медиуми изјави дека сите учеснички на натпреварот, официјално, имале свој негативен корона-тест пред самиот настан кој се одржува во главниот град на државата, Сиудад Хуарез. Властите, сепак, добиле анонимна дојава дека едно лице е заразено. По извршените тестови, се покажало дека скоро половина од девојките имаат коронавирус, како и уште едно лице кое не е меѓу натпреварувачките.

Натпреварот и програмата се прекинати во саботата.

Мексико вчера пријави 7.989 новозаразени 269 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Вкупниот број заразени лица во земјата од почетокот на пандемијата достигна 2.549.862, а смртните случаи се искачија на 233.958, според Министерството за здравство.

Владата верува дека вистинскиот број на случаи Ковид-19 во Мексико е многу поголем. Неодамна беа објавени одделни податоци кои посочуваат дека бројот смртни случаи може да биде и 60 насто поголем од официјалниот.