ВМРО-ДПМНЕ: Не е до дигиталното следење на пожарите, туку до нивното гасење

Не е до електронското следење на пожарите туку до неспособноста на владата и надлежните институции да ги изгаснат.

Во 21 век да се демонстрира дека електронско следење на пожари е огромно достигнување и дострел само покажува колку е бедна и неспособна владата и нејзините институции во справувањето со пожарите.

Зоран Заев го остави народот на цедило и отиде во беровско само да се слика, а пожарот продолжи. Доволно ќе биде да направи разлика Заев помеѓу 8.000 тони и 8 тони вода. Но што знае еден аболиран политичар како Заев, зема и носи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ