Внуката на фашистичкиот диктатор Мусолини најпопуларна на изборите во Рим

LinkSense.mk

Рачел Мусолини, внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, освои најголем број гласови на изборите за градски совет во Рим, покажаа службените резултати.

Претставувајќи ја партијата Браќа на Италија (Fratelli d’Italia), која потекнува од неофашистичката конзервативна партија Италијанско социјално движење, Мусолини добила 8.264 гласови.

Во интервју за дневниот весник „Ла Република“ во средата Мусолини изјави дека верува оти бирачите помалку се фокусирале на нејзиното презиме, а повеќе на „иницијативите“ кои ги направила во телот на мандатот во градскиот совет.

„Во училиштето го вперуваа прстот во мене, но тогаш се појави Рачел и личноста преовлада над презимето, без оглед колку тоа име беше своевидно оптоварување“, изјави внуката на Мусолини.

Запрашана за нејзините ставови за фашизмот, Рачел на италијанските новинари им одговори: „За да се позанимаваме со таа тема, би морале да разговараме до утре сабајле.“

рачел Мусолини не е прв потомок на италијанскиот диктатор кој влегол во политиката. Нејзината полусестра Алесандра Мусолини беше пратеник во Парламентот од партијата од десниот центар Народ на слободата (Popolo della Liberta) на Силвио Берлускони, а беше и пратеник во Европскиот парламент.