Водата за пиење во Скопје одговара на Правилникот за безбедност и квалитет

LinkSense.mk

Според анализите на Секторот за санитарна контрола, земените примероци на вода за пиење во Скопје, во периодот од 6 до 10 март, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти  ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Претпријатието во неделниот извештај информира дека во наведениот период биле земени 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во град Скопје.

Секторот за санитарна контрола, кој ги спроведува анализите за безбедност и квалитет на водата за пиење, е прва лабораторија во државата акредитирана според стандардот ИСО17025:2018.

 

 

 

ИЗВОР: МИА