Вол Стрит: „СиП 500“ индексот достигна највисока стапка во историјата

На Вол Стрит вчера „СиП 500“ индексот достигна нова највисока стапка во историјата, како и „Насдак“, додека инвеститорите ја чекаат седницата на челниците на американската Централна банка.

„Дау Џонс“ ослабе за 85 поени или за 0,25 отсто, и достигна вредност од 34.393 индексни поени, додека „СиП 500“ по, банкарасна за 0,18 отсто, на 4.255 поени, а пак „Насдак“ индексот за 0,74 отсто, на 14.174 поени.

Новите рекордни достигнувања на вредноста на индексите „СиП 500“ и „Насдак“ се благодарејќи на надежта на инвеститорите дека челниците на „Фед“ ќе останат на тврдењата дека јакнењето на инфлацијата е привремено и дека ќе продолжат да водат поттикнувачка монетарна политика.

Денеска, имено, почнува дводневната седница на „Фед“, а утре ќе биде објавено соопштение со заклучоци од неа.

Минатата недела податоците покажаа дека потрошувачките цени во Соединетите Американски Држави во мај пораснаа за пет отсто во однос на истиот месец лани, што е нивниот најголем раст од 2008 година и е поголем отколку што се очекуваше.

Но, аналитичарите велат дека тоа е последица на растот на цените во некои сегменти заради отварањето на економиите, а не од „нешто друго“. Оттаму, тие сметаат дека растот на инфлацијата навистина може да биде од времен карактер, како што тоа го тврдат од „Фед“.

Сепак, некои аналитичари сметаат дека „Фед“ би можел да отвори расправа за намалување на износот на програми за купување обврзници, што би бил прв чекор кон постепено заострување на монетарната политика.

„Има доста аргументи на двете страни од расправата за инфлацијата, но сметам дека не би била добра идејата нешто да се менува сега, кога се чини дека растот на инфлацијата може да биде привремен“, вели Марк Стоукли, извршниот директор во компанијата „Адамс Фаундс“.

Патем, тој додава дека секое навестување за какви било промени во поттикнувачката монетарна политика во „Фед“ би можело да го вознемири пазарот на хартии од вредност и на акциите.

Од почетокот на годината индексот „СиП 500“ е во добивка од 13,1 отсто, додека „Дау Џонс“ освои 12,7, а висината на добивката на „Насдак“ изнесува 9,2 отсто.

И на повеќето европски берзи вчера порасна цената на акциите. Лондонскиот ФТСЕ индекс зајакна за 0,18 отсто, на 7.146 поени, а парискиот ЦАЦ за 0,24 отсто, на 6.616 поени. Само франкфуртскиот ДАКС ослабе за 0,13 отсто, на 15.673 поени.

(Фото: ЕПА)