Службата за државна безбедност на Азербејџан ликвидираше терорист кој се обиде да активира самоубиствен појас во близина на трговски центар во Баку, соопштија силите за безбедност.
„Во специјалната операција на Службата за државна безбедност на Азербејџан е убиен Емин Азизагаоглу Џами кој на 3 декември се обиде да активира самоубиствен појас при апсењето во близина на трговскиот центар „Бина“, се наведува во соопштението, со посебна напомена дека операцијата и истрагата за случајот продолжуваат.
Емин Азизаоглу Џами, државјанин на Азербејџан, роден во 1978 година, во 2007-ма е осуден на затворска казна во траење од девет години, за соработка со терористичката организација Абу Џафар, под раководство на Наиф ел Бадавин.
После излегувањето од затвор на почетокот на оваа година почнал да соработува со претставници на илегални вооружени формации и меѓународни терористички организации кои учествувале во воените дејствија надвор од границите на земјата.
Планирал терористички напади со користење на огнено оружје и експлозивни направи на територијата на Азербејџан.
Во тек е истрага за утврдување на вешаност на други лица во плановите на Џами.