Во Белград ќе се одржи „Games.con“ фестивал

Виртуелни возења и нови и ретро гејминг машини само се дел од тоа што ги очекува посетителите на првиот „Games.con“ фестивал, којшто ќе се одржи од 25 до 27 ноември во Белград.

Овој настан ќе собере на едно место голем број престижни излагачи и учесници и ќе приреди многу изненадувања за сите гејмери, јутјубери, косплеери и останати љубители на модерните видови на забава.

Содржините кои најверојатно ќе привлечат најмногу внимание се „технолошките чуда на денешнината“, како што се VR и „Mixed Reality“ VR сетовите, потоа Железниот трон од „Играта за престол“ во кои посетителите ќе можат да почувствуваат како изгледа да се владее со Вестерос.

Паралелното косплеј натпреварување организаторите го опишуваат како најголемо досега и се надеваат дека ќе постават нови стандарди кога е во прашање костимираната игра.

Со сето тоа, стигнува и предупредување – од темните ќошиња во халата гостите ќе ги демнат група зомби!
Халата 2 на Белградскиот саем ќе биде збиралиште на масовни гејмерски пресметки на сите познати платформи, на чело со турнирите во „Лигата на легендите“ и „CS:GO“ под диригентската палка на
ESL-глобално најмоќниот организатор на турнири во електронски спортови.

„Games.con“ е подготвен во својата прва едиција да ги надмине сите очекувања и тоа, како што истакнуваат организаторите, со намера да ја стави Србија на мапата на големите фестивали на игри и поп култури во светот.