Во Берлин камион влета во Божикен пазар, девет мртви

Девет лица загинаа, а педесетина се потешко повредени откако камион влета на Божикен пазар во центарот на Берлин, соопшти германската полиција.

За сега не е познато дали во прашање е несреќа или организиран напад.

Возачот е во бегство.

Kамионот е со полски регистерски таблички.

berlin-2

Пазарот се наоѓа на една од најпознатите берлински авении, Курфирстендам.

Полицијата спроведува истрага за утврдување на идентитетот на возачот и за негово пронаоѓање и спроведување пред судските органи.

berlin-1