Во Болоња експлозија пред посетата на италијанскиот премиер

Италијанските власти ја истражуваат експлозијата која се случила рано изутрина во близина на полициска станица на периферијата на Болоња, неколку часови пред посетата на премиерот Матео Ренци на тој град.

Во експлозијата нема повредени, јавува италијанската новинска агенција АНСА, додавајќи дека десет лица се наоѓале во зградата кога се случил инцидентот.

Ренци спроведува кампања една недела пред референдумот за реформи на Уставот, но засега не е јасно дали експлозијата е поврзана со тоа прашање.

bolonja-2