Во бомбардирањето на Алепо загинаа 27 лица

Во денешното бомбардирање во бунтовничките делови на сирискиот град Алепо, припишан на сириската влада, загинаа 27 цивили.

„Речиси ниеден дел на истокот на Алепо денес не беше поштеден во бомбардирањето на сириските владини сили“, соопшти опозициската Опсерваторија за човекови права.

alepo-1

Од вторникот во бомбардирањето на Алепо загинаа повеќе од 90 цивили.

Асад оваа недела во интервју за португалската државна течевизија РТП рекол дека неговите сили се борат се борат за да ги „ослободат цивилите од терористи“.

Во Алепо, некогаш најголемиот град во Сирија, со години поделен меѓу владини лојални и востанички сили, се наоѓаат околу 250 илјади цивили.

alepo-2

alepo-3