Во Брисел гласаа 117 од пријавените 284 гласачи

Сто и седуманесет македонски државјани од вкупно 284 пријавени, денеска гласаа во македонската амбасада во Брисел, за предверемените парламентарни избори во Македонија.

Многумина биле незадоволни и револтирани од постапката на надлежните што ги спроведуваат изборите откако, иако уредно пријавени, им било речено дека ги нема во избирачкиот список заради што не можеле да гласаат.

Македонските државјани приговараат за неправилности на гласачкото место 5003.

Во европската престолнина не им било дозволено да гласаат на 52 лица.

Вкупно 20.573 македонски граѓани се запишани за денешното гласање во дијаспората , а тоа право можеа да го остварат во 46 дипломатски претставништва.

Четири политички партии имаат свои кандидати во дијаспората, а за место во собранието потребни се отприлика 6500 гласови.