Во Британија откажани се фестивали, фудбалски натпревари, трки, доделување награди…

LinkSense.mk

Многу спортски настани што требаше да се одржат денеска во Британија се откажани. Ова ги вклучува фудбалските натпревари на англиската фудбалска лига и фудбалската лига на Ирска.

Се уште се чека одлука за натпреварите во Премиер лигата кои требаше да се одиграат викендов.

Откажани се и голф-турнирите и коњските трки, како и шестата етапа на велосипедската трка Трка околу Британија. Театарските претстави не се откажани, но ќе им претходи едноминутно молчење. Наградата Меркјури и светски познатиот фестивал на класична музика на Би-Би-Си, Би-Би-Си Промс, исто така се откажани.

 

 

ФОТО: МИА