Во вторник вонредна крводарителска акција во Крива Паланка

Во вторник во Крива Паланка ќе се одржи вонредна крводаритрелска акција што ќе ја реализира Црвен крст на Република Северна Македонија, општинска организација Крива Паланка.

Акцијата ќе се одржи во периодот од 10 до 14 часот во спортската сала
„Партизан“ на основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“, а ќе биде отворен замо задниот влез од страната на училишниот двор.

„Пријавување за дарување на оваа втора вонредна акција во 2020 година ќе се врши исклучиво на телефонскиот број 070 27 22 11 или на Фејсбук профилот на Црвен крст Крива Паланка, со што пријавените дарители ќе добијат закажан термин и време за дарување. Граѓаните кои се веќе постојни крводарители, а се пристигнати од странство, нема да можат да даруваат крв, а сите дарители кои ќе бидат дел од акцијата ќе поминат засилена медицинска контрола“, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка.

Крводарителската акција во Крива Паланка ќе се реализира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ) Скопје, а на истата во целост ќе се почитуваат оперативните планови на ИТМ, Црвен крст на РСМ и заклучоците на Министерство за здравство.