Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите

LinkSense.mk

Сопствениците на печки на дрва или пелети оваа есен во Германија се соочуваат со драстично зголемување на цените, објави денеска Федералното биро за статистика во Визбаден.

Цените на огревното дрво и на пелетите во август биле 86 отсто повисоки отколку во истиот период минатата година“, се вели во соопштението на Завод за статистика.

Значителното поскапување се објаснува од една страна со зголемената побарувачка, а од друга со зголемените трошоци за транспорт и работна сила.

Посебно порасна цената на пелетите, за 108 отсто, што е осетно повеќе од стапката на пораст на цените во другите сектори, која во просек изнесува 45 отсто.

Германската влада со години го субвенционира купувањето на печки на пелети како еколошки одржлив огрев. Од почетокот на војната во Украина, побарувачката за печки на дрва и пелети во Германија нагло се зголеми.

Министерството за заштита на животната средина предупреди за законски пропишаните количества ситни честички за печки на дрва. Дозволени се само понови печки со вградени филтри, како и модернизирани постари печки.

Според податоците на ова министерство, печките на дрва предизвикуваат повеќе микро честички во воздухот отколку сообраќајот.