Во декември аукција на ретки предмети од Дизниленд

Галеријата Ван Итон во Лос Анџелес се подготвува за аукција на повеќе од 1.500 ретки предмети од Дизниленд и Волт Дизни ворлд, кои датираат уште од основањето на паркот во педесетите години.

Мајк Ван Итон, косопственикот на галеријата, изјави денеска дека на аукцијата, меѓу другото, ќе биде понуден оригиналниот проспект од 1953 година кој Волт Дизни им го претстави на финансиерите на отварањето на паркот на југот на Калифорнија во 1955 година, оригиналната мапа на Дизниленд и други предмети.

На продажба ќе бидат и познати ликови, вклучувајќи аниматорски птици од Волшебната Тики соба, бронзената статуа на Мики Маус и аниматорски кукли.