Во Домот за стари лица во Радовиш седум штитеници и тројца вработени инфицирани од коронавирус

„Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19“, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова.

„Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести Домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи заразата најверојатно е донесена од надвор“, рече директорката Димитрова.

Инаку, во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.