Во Египет пронајдена недопрена мумија

Шпански археолози пронајдоа мумија во добра состојба во една гробница кај Луксор на југот на Египет, соопшти египетското Министерство за антиквитети.

Мумијата е пронајдена во близина на храмот кој го изградил фараонот 18 од династијата Тутмозис Трети (1479-1425 п.н.е.) на западниот брег на Луксор.

mumija

„Мумијата е многу убава, прекриена е со слоеви на платно и гипс. Таа е во добра состојба“, се наведува во соопштението.

Тие посмртни остатоци се пронајдени во дрвен саркофаг и се претпоставува дека е во прашање благородникот Аменренеф, кој ја имал титулата „слуга на кралското семејство“.

Луксор, градот на југот на Египет, е познат по многубројните храмови на фараоните на бреговите на реката Нил.