Во Италија уште едно лице почина од коронавирусот, вкупно четворица

Во Италија уште едно лице почина од новиот коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, станува збор за 84- годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергам и имал хронични болести.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија.