Во Маврово и Ростуше извршена дезинфекција на училиштата и општинската зграда

Општина Маврово и Ростуше изврши дезинфекција на просториите и дворните места и околината на сите основни, подрачни училишта, средното општинско училиште, како
и во зградата на локалната самоуправа.

„Наша цел е со почесто вршење на дезинфекција, да обезбедиме побезбедно одвивање на образовниот и работниот процес. Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи да ги презема сите неопходни активности за заштита на сите ученици и просветни работници, граѓаните и општинската администрација, за спречување на ширењето на Ковид-19“, велат од општината.

Посочија дека во сите општински училиште во општина наставата се одвива без поголеми проблеми, онлајн или со физичко присуство на учениците.

„Во ООУ„Хајан Селмани“ во Ростуше, ООУ„Јосип Броз Тито“ во Жировница и подрачните училишта во селата Присојница, Аџиевци, Велебрдо и Јанче со физичко прсуство на учениците наставата се одвива од прво до петто одделение, додека во подрачните училишта во селата Требиште, Врбјани, Сенце и во ООУ „Денче Дејаноски“ во Маврово и подрачните училишта во селата Врбен и Нистрово наставата се одвива со физичко присуство на сите ученици од прво до деветто одделение. Онлајн настава следат учениците во гимназијата „МавровоРостуше“ во Ростуше“, потенцираа од општината.

Во оваа општина во оваа учебна година настава следат околу 692 ученика, од нив 476 се основци а 116 средношколци.

Во општината редовно се врши дезинфекција и на улиците, верските објекти и јавните површини во сите населени места.