Во Македонија се прави подобро бизнис отколку во Германија

„ВМРО-ДПМНЕ во сите овие 10 години имаше економска влада. Најмногу реформи беа посветени за подобрување на економскиот живот на граѓаните. Бевме посветени сите на отворање нови работни места. Работевме посветено и одговорно, борејќи се Македонија да стане поактрактивна за инвеститорите“.

Ова вечерва го истакна Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица, на митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Гевгелија.

Тој потсети дека успеале, од 94 место во светот, според условите за правње бизнис, да стигнат на 10 место, а на петто во Европа.

„Пред нас во Европа се само Данска, Велика Британија, Шведска и Норвешка. Сите останати се зад нас, рече Груевски.

Покрај сите лични навреди, етикетирања, црни кампањи, протести, демонстрации, како што истакна, останале со ладни глава.

Во Гевгелија, меѓу другото, Груевски ги презентираше Проектот за рурални развојни зони кој имал за цел две работи, две значајни мерки, првата, да отворел нови работни места и втората, како што рече, да воведе земјоделски советници, кои ќе бидат должни да го посетат земјоделецот на нива и да му дадат совет за неговиот род.