Во падот на авионот со фудбалерите од Бразил 75 мртви

Колумбиските власти соопштија дека уште едно, шесто лице го преживеало падот на авионот со 81 патник и членови на екипажот недалеку од Меделин, на северозападот на Колумбија.

Шестиот преживеан е бразилскиот фудбалер Елио Ермито Зампијер Нето, соопшти службата за вонредна состојба.

Преживеани: Џексон Рагнар Фолман, Алан Рушел и Елио Ермито Зампијер
Преживеани: Џексон Рагнар Фолман, Алан Рушел и Елио Ермито Зампијер

Во авионот на боливиската компанија „Ламиа“ беа фудбалерите на бразилскиот прволигаш Шапекоенсе, од градот Шапек.

Екипата патуваше на финалето на регионалниот турнир.

Постои можност да има уште преживеани после падот на авионот на летот од Боливија во Колумбија.

Официјални лица претходно потврдија дека пет лица преживеале, а дека 76 патници и членови на екипажот загинаа.

avion-3

Екипажот во текот на летот пријавил проблем со електричното напојување.

Како што пренесува „Гардијан“, авионот се срушил непосредно пред слетување.

Во авионот биле фудбалерите на бразилскиот клуб во средата требаше да играат во финалниот натпревар на Кога Судамерикана, кое е второ по ранг натпреварување за клубовите во Јужна Америка.

avion-4

По тргнувањето, авионот имал едно застанување, на аеродромот во Сао Паоло од технички причини, од каде што се упатил кон последната дестинација, Меделин.

Меѓутоа, некаде во областа Антиокија исчезна од радарот и од тогаш му се губи секаква трага.

Поради тешко проодниот терен и лошите временски услови, спасувачките екипи имаат многу потешкотии да дојдат до самиот авион, па во акцијата за спасување се вклучени и два хеликоптера.

avion-5

На социјалните мрежи се појави снимка од авионот непосредно пред полетувањето.

Меѓу патниците во авионот којшто денес се сруши во Колумбија беа и 21 новинар, а само еден од нив преживеа, соопштија денес официјални лица од колумбиските воздухопловни институции.

Лекарите наведуваат дека новинарот Рафаел Валморбида закрепнува после операцијата на градниот кош.

avion-6

Настраданите новинари биле вработени во неколку медиуми, меѓу кои се „Фокс“ и „Глобо“, како и на неколку јужноамерикански радио станици.

avion-1