Во Сирија убиен зетот на Осама бин Ладен

Ал Каеда објави дека при воздушен напад на меѓународната коалиција под американска команда во Сирија убиен е Абу Кеир Абу ал-Масри, кој се смета за вториот лидер на таа група.

Двете гранки на групата, вклучувајќи ја и Ал Каеда на арапскиот полуостров, ја потврдија смртта на Ал-Масри.

Во соопштението тие го нарекуваат „херој“ и додаваат дела бил убиен во „напад на беспилотни летала во Сирија“.

Ал-Масри, кој умре на 59-годишна возраст е зет на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен во мај 2011 година од американската специјална војска во Пакистан.