Во Словенија повторно привремено ги замрзна цените на горивата

LinkSense.mk

Словенечката влада вчера повторно воведе привремено регулирање на цените на моторните горива, откако таа два пати ги зголеми за помалку од две недели.

Како што соопшти Министерството за економија, Владата на седница одлучила највисоката малопродажна цена на бензинот од 95 октани привремено да се замрзне на 1,56 евра за литар, а на големо 1,54 евра. За литар дизел највисоката малопродажна цена е 1.668 евра, а на големо 1.648 евра.

Владата одлучи повторно да ги регулира цените на двете најпродавани горива поради оправданите очекувања за нови пореметувања на пазарот на нафта и големите осцилации на цените во врска со најавата за ембаргото на ЕУ за увоз на нафта од Русија, соопшти Министерството.

Министерот за економија Здравко Почивалшек рече дека владата со тоа сака да ги стабилизира пазарот и цените на двете горива за доброто на економијата и на потрошувачите.

До одлуката на владата во заминување на Јанез Јанша дојде по критиките на идниот премиер Роберт Голоб, кој го обвини Јанша дека дозволил повторно дозволил висок раст на цените на дериватите, укинувајќи ги регулираните цени кои беа во сила од средината на март.

Тој го направи тоа, смета Голоб, од „одмазда“ на гласачите откако неговата десничарска коалиција ги загуби парламентарните избори на 24 април.

Словенечките дистрибутери на нафтени деривати вчера, пред новата одлука, најавија нови повисоки цени на горивата, според кои цената на бензинот од 95 октани ќе биде зголемена на 1.717 евра, а на дизелот на 1.862 евра за литар надвор од автопатот и на 1,92 евра за литар на бензинските пумпи покрај автопатите.