Во Шпанија уапсени Мароканци за врски со ИД

Шпанската полиција уапси двајца Мароканци осомничени дека припаѓаат на пропагандната и регрутна мрежа на Исламска држава, соопшти вечерва шпанското Министерство за внатрешни работи.

Мароканците доброволно се пријавиле како џихадисти и дејствувале како „индивидуална терористичка ќелија, подготвена да почне злосторства во Шпанија“.

Уапсените имале задача да регрутираат млади муслимани со цел да се формира „армија на следбеници на Исламска држава“, наведуваат од полицијата и додаваат дека ги величеле „победата и успехот“ на џихадистите.

Шпанија во 2015 година усвоила закон кој овозможува апсење на луѓе кои посетуваат сајтови на џихадисти на интернет.

Во таа земја од минатата година до сега се уапсени повеќе од 160 лица идентификувани дека се џихадисти.