Во јули помалку странски туристи за 94,9 отсто

Државниот завод за статистика во јули годинава евидентирал 75 591 туристи кои оствариле 436 180 ноќевања.

Бројот на туристите во однос на јули 2019 година, е намален за 56 проценти, а на ноќевањата за 36.1 отсто.

Бројот на домашните туристи е намален за 4.8, а на странските за 94.9 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 6.3, а на ноќевањата на странските туристи за 93.4 %.

Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67.4 проценти, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.9, а кај странските за 79.6 %. Бројот на ноќевањата, пак, е намален за 56.6 отсто, и тоа: кај домашните туристи  за 30.8, а кај странските за 80.3 проценти.