Времето во кое се будите во текот на ноќта, покажува од што боледувате

LinkSense.mk

Влијанието на одреден период од денот на човековиот организам е прашање кое се повеќе ја окупира јавноста на светските медицински експерти, а системот на кинескиот час источната медицина го понуди како свој одговор уште во средниот век. Уште повеќе, поаѓајќи од таа основа поединци тврдта дека времето во кое најчесто се будите во текот на ноќта може да биде показател на конкретни здравствени проблеми.

Поедноставно кажано, традиционалната кинеска медиција се засновува на анализирање на телесната енергија која во текот на денот се насочува во различни органи, како тие би се регенерирале и правилно би си ја вршеле својата функција, а кога енергијата на кој било начин е пореметена, доаѓа до медицински проблеми.

Што е кинески час?

Принципот на кинески час се однесува на смената на енергетските текови кои поминуваат низ човековото тело и кореспондираат со органите.

Лекарите по кинеска медицина истакнуваат дека во зависност од периодите во денот тие канали имаат различни влијанија на органите. Со други зборови, часот контролира низ активности во организмот, нивото на енергија, вниманието, расположението, апетитот, крвниот притисок, нивото на шеќер, спиењето….

Во таа смисла, предупредуваат лекарите, здравствените пореметувања кои се поврзани со времето можат да бидат премор, дебелеење, покачен шеќер…

Секој од енергетските текови, или меридијаните како што поинаку се нарекуваат траат по два часа. Меридијанот на срцето, велат, го достигнува врвот на пладне, односно периодот на плима е меѓу 11.00 и 13.00 часот. Наспроти тоа, неговата осека доаѓа на полноќ, односно меѓу 23.00 и 01.00 часот, што значи дека за луѓето кои имаат намалено ниво на енергија во срцето погодно време е околу пладне, а неповолно околу полноќ. Лицата со повеќе енергија во тој орган ќе реагираат на овие промени обратно, па на пример на еден таканаречен страствен навивач не му се препорачува да следи натпревар на својата екипа во време кога меридијанот го достигнува својот зенит, затоа што наводно тогаш постоела зголемена опасност од срцев напад.

Времето во кое се будите кажува од што боледувате

Во врска со тоа, ако секоја ноќ станувате во исто време, постои можност некој од вашите органи да не работи како што треба, наведува порталот „avaz.ba“.

Според оваа претпоставка, сатницата е следна:

Од 21.00 до 23.00 – Ова е период кога ендокриниот систем се доведува во рамнотежа, и ако имате проблеми со спиењето во тој дел од ноќта, можеби сте под стрес, не се храните правилно или јадете предоцна.

Од 23.00 до 01.00 – Будењето во ова време укажува на тоа дека нешто психички ве мачи, односно дека себе си нешто си замерувате. Освен тоа, во тие саати е активно жулчната ќеса која ги разградува мрснотиите во телото, па будењето може да укажува на тоа дека конзумирате премногу нездрави мрснотии.

Од 01.00 до 03.00 – Ако најчесто се будите помеѓу првиот и третиот час после полноќ веројатно сте лути и сте фрустрирани, полни со негативна енергија. Телото во овој период е најактивно, затоа што црниот дроб испушта токсини, произведува молекули неопходни за варење и допринесува на стварање на нова крв, што значи дека ако со неа нешто не е во ред би се буделе во споменатово време.

Од 03.00 до 05.00 – Тага и болка се можни причини за будење во овој период, ако се набљудува духовниот аспект на животот. Од физичките причини, можно е да ви е ладно додека спиете, па процесите во телото не можат да се одвиваат правилно или имате проблеми со градите и недоволно влез на кислород во организмот.

Од 05.00 до 07.00 – Во даденово време активно е дебелото црево, а токсините кои во текот на ноќта се профилтрирани и разградени полека излегуваат од телото. Будењето тогаш значи дека се јаделе предоцна или сте внеле нездрава храна, полна со штетни материи.

Сепак, напоменуваат експертите, ваквите систематизирани дијагнози треба да се земат со доза на резерва.

Кога станува конкретно збор за будење во текот на сон и во наведеното време треба да се има во вид дека таквите сфаќања се уште се отворено прашање и се уште не се научно потврдени.

Тоа секако не значи дека конвенционалната медицина не оди во насока на истражување на влијанието на периодот од денот на процесите кои се одвиваат во човековото тело. Одделни студии дури покажуваат подудирање со традиционалната кинеска медицина.

Концептот на кинескиот час е осмилен околу 1300 година, иако првите записи за парцијални поврзувања на времето и работата на човечките органи датираат уште од 500 година п.н.е. Еквивалент на тоа во западниот свет е значително подоцна формираната научна гранка – хронобиологија.

Модерната медицина потврди така дека периодот меѓу 03.00 и 05.00 часот (меридијанот на градите во кинеската медицина) е нејнепогоден за болните од астма, а дека времето околу 16.00 е погодно за нив. Слично е и со срцевите напади, чиј број расте околу пладне, објаснуваат експертите.

Што се случува ако легнеме подоцна?

Со оглед дека е јасно дека значителен број на луѓе не оди на спиење пред 21 часот, како што е напишано во горенаведениот список, се поставува прашањето што се случува со човековото тело кога се доцни со одењето во кревет.

Секогаш се зборува за седум до осум часа неопходни за квалитетен сон, но не е исто дали некој спие од 22.00 до 06.00 или од 02.00 до 10.00 часот. Не постои универзално оптимално време за заминување на спиење, тоа зависи од годишното доба и од смрачувањето. Во зима, по правило, би требало да се легнува нешто порано и да се станува подоцна, а во текот на летото тоа да е спротивно, затоа што тогаш не е потребено толку спиење, објаснуваат експерти.

Изложеност на светло во текот на спиењето, исто така, велат било штетно. Мелатонин е хормон којшто се излачува при спиењето во темница, а изложеноста на светло, било природно, било вештачко, го одлага неговото стварање во телото и ја намалува неговата количина. Директната последица од тоа, наведуваат, е зголемен апетит.

„Златно време“ за спиење, како што потенцираат, е периодот меѓу 22.00 и 02.00 часот, кога се обновува крвта во телото, и ако тие часови се пропуштат не постои дел од денот кога тие со спиење можат да се надополнат.

Највпечатливи последици има кај лицата кои работат во ноќните смени, а кај кои се појавуваат хипертензија, гојазност и кардиоваскуларни, заклучуваат експертите.