Времето денеска облачно и посвежо

LinkSense.mk

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и посвежо, со појава на магла по котлините во утринските часови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има и услови за појава на краткотраен дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал 9 до 14 степени.

Во Скопје и околината променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат пониски, а утринските на места ќе се спуштаат и под нулата.