Времето променливо со повремен дожд, на планините снег

LinkSense.mk

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови, каде локално ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар.

На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени.