Врие на истокот: Либан и Јордан на нозе

Состојбата на Блискиот исток се разгорува. Јордански државјани во голем број ја преминуваат границата и одат кон палестинската територија, а од правец на Либан групи влегуваат во Израел. Голем број Арапи се собираат во знак за поддршка на Палестинците.

Како што пренесува „Џерусалем пост“, десетици луѓе носеле палестински и либански знамиња, како и знамиња на Хезболах.

Јорданци ја пресекле оградата и влегле на Палестина, за да му дадат поддршка на тамошниот народ, затоа што сметаат дека Израел е непријател.

Како што се наведува во објавите на социјалните мрежи, „сакаат да ја сочуваат честа и светоста на џамијата Ал Акса“.

Жестоки судири избија денеска меѓу Палестинците и израелските сили за безбедност на Западниот брег.

Одржани се демонстрации, во знак на поддршка на Хамас, а според наводите во медиумите, убиени се шест Палестинци.

Весникот „ИДФ“ информираше дека еден Палестинец бил убиен откако со нож се обидел да прободе израелски војник, недалеку од Рамала.

Насилствата се проширија во градовите во кои живеат и Евреи и Арапи.

 

 

(Фото: ЕПА)