Втора Бразилка доаѓа во ЖФК „Љуботен“

Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ со уште втора најава дека во јануари во Тетово ќе дојде фудбалерка од Бразил. Станува збор за Таила Гомерс Фариас. Таа и Роналдиња треба да дојдат во Тетово на 21 јануари.

„Се работи за поранешен член на „Vasko da Gama“ и доскорешна фудбалерка на бразилски „Botafogo FR“, а своевремено членка на У-17 репрезентацијата на Бразил. Таила Фариас важи за една од најперспективните бразилски фудбалерки од средниот ред со кој ЖФК „Љуботен“ добива капитално засилување во средниот ред со кој сме
сигурни дека во пролетната полусезона ЖФК„Љуботен“ ќе игра ултраофанзивен фудбал“, информираат од ЖФК „Љуботен“

На 11 декември „Љуботен“ од Тетово објави дека како најново засилување во клубот доаѓа Ана Бетриз Тарантино Гуилермо Салино или со прекар Роналдиња.

ЖФК „Љуботен“ го назначи Небојша Бреѓан од Србија за нов спортски директор со најава дека ќе се носат звучни имиња кои се очекуваат да го засилат тимот.