Вуди Ален објави дека се пензионира

LinkSense.mk

Вуди Ален на 27 септември ќе објави нова книга, збирка хумористични приказни наречена „Нулта гравитација“ („Zero Gravity“), и по тој повод даде интервју за шпанскиот весник „Ла Вангиардиа“.

Со оглед на тоа дека наскоро треба да започне со снимање на својот нов филм, Ален во интервјуто изјави дека тоа ќе биде неговиот 50-ти филм, а воедно и последен.

„Мислам дека е време да престанам. Мојата намера е повеќе да не снимам филмови, туку да се посветам на пишување приказни како оваа, но размислувам и за пишување роман. Тоа би бил мојот прв роман“, рекол Ален.

Својот нов, воедно и последен филм, Ален ќе го снима во Париз и тоа на француски јазик. Рече дека тоа ќе биде филм во стилот на неговиот „Match Point“, објаснувајќи дека ќе биде возбудлив, драматичен, но и многу злокобен. Во последните години тој често снимаше филмови во Европа, особено откако се обновени обвинувањата против него за наводна сексуална злоупотреба на неговата ќерка Дилан Фароу.

Кога Ален на прес-конференција кога го најави почетокот на снимањето на филмот „Rifkin’s Festival“, рече дека не размислува за пензија. Но, со оглед на тоа дека на 1 декември ќе го прослави својот 87 роденден, очигледно се предомислил.