Вулкан на Камчатка исфрли пепел од речиси 11 километри

Вулканот Шивелуч, најсеверниот активен вулкан на територијата на рускиот полуостров Камчатка, исфрли столб од пепел кој достигна околу 11 километри над нивото на морето, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

„Големата емисија од гас од вулканот Шивелуч е забележана на 10 декември утрината“, наведува Министерството.

„Висината на столбот од пепел е 11 километри над нивото на морето. Висината на вулканот е 3,2 километри“, пишува во соопштението.

Според наводите на локалните служби за итна медицинска помош, во областа која ја покри пепелта нема населени места и ниту еден жител на Камчатка не е погоден од овој инцидент.

За вулканот, кој е најголем на Камчатка, властите издадоа портокалово предупредување.