Галактичка конекција во Капан ан

Љубителите на електронската музика утре (недела) ќе имаат можност да се забавуваат на диџеј-сетовите на Kay-Ahuasca и Mr.Samoa од Швајцарија.

Двајцата артисти кои настапуваат под логото „Loominum art rec“ во своите сетови преферираат прогресивна и психоделичен-транс музика.

За загревање на атмосферата се задолжени македонските диџеи Psoma – Sterehemia Rec и Salidelic, а за разубавување на клубот Капан ан во Стара скопска чаршија, каде што ќе се одржи забавата се погрижи Lunar deco.

Почетокот на оваа несекојдневна забава е закажан за 23 часот, а цената на билетот е 150 денари