Галатасарај без нови играчи во Евролигата

Повратникот во Евролигата, Галатасарај ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј и поради тоа е строго казнет – забрането му е да регистрира нови играчи.

Надлежната комисија на Евролигата утврдила дека клубот од Истанбул има неподмирени долгови кон некои играчи и тие не се во моментов израмнети.

Најсилното кошаркарско натпреварување во Европа, според Дисциплинскиот правилник, ќе ја изрече конечната одлука за овој случај во следните 30 дена, а до тогаш ќе важи времената мерка за забрана за регистрирање на нови играчи за Евролигата.