Генерали поттикнуваат воен удар во Франција

Франција ја потресува најсилниот политички земјотрес во последните неколку години откако група од 20 пензионирани воени генерали потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го тргне претседателот Емануел Макрон од власта.

На групата пензионирани генерали им се приклучија уште 80 поранешни високи офицери, што дополнително дава тежина на отвореното писмо.

Тие наведуваат дека Макрон не може да ја запре дезинтеграцијата на земјата која ја вршат исламисти.

Писмото е објавено во десничарскиот магазин „Валер актуел“ и во него отворено се повикува армијата да изврши воен удар за да се спречи граѓанска војна во Франција.

Мари ле Пен им испрати порака на пензионираните генерали во која им дава силна поддршка.

„Ве повикувам да се анфажирате во битката која почна и битката која е над сите битки, битки за Франција. Како граѓанин и како жена политичар ја делам вашата тага и загриженост“, наведе Ле Пен.

Таа посебно го апострофираше случајот на генералот Пјер де Виљера, поранешен шеф на Генералштабот, кого Макрон го разреши во 2017 година, откако јавно го критикуваше претседателот заради намалувањето на буџетот за армијата.

Тоа е првпат од настанувањето на петтата република претседателот на државата да го смени шефот на Генералштабот.

Писмото остро го осуди владата на Макрон, споредувајќи го со неуспешниот воен удар кој пред 60 години го направи група генерали против тогашниот претседател Шарл де Гол.

На друга страна, пак, Мари ле Пен, претседателката на патриотскиот Национален сојуз ги пофали наводите од писмото.

На претседателските избори следната година се очекува жестока пресметка токму помеѓу Макрон и Ле Пен, која според последните истражувања на јавното мислење има поголема поддршка во јавноста.

Министерката за одбрана на Франција, Флоренс Парли, бесно регираше на објавувањето на писмото на пензиониринати генерали.

„Тие се во пензија и не се повеќе активни војници, немаат никаква функција и се претставуваат само себе си. Неутралноста и лојалноста се два принципи кои се клучни за секој војник. Политизацијата на армијата ќе ја ослаби нашата воена способност и ќе ја загрози Франција. Војската не е за во кампања, таа е тука да ја брани и заштити земјата“, рече Парли.

Меѓу потписниците на писмото се наоѓа Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командир во Легија на странци, една од најпознатите воени единици во светот. Тој ги загуби сите почести како генерал во пензија откако беше уапсен заради учество во антимуслимански демонстрации во 2016-та.

Писмото, пренесе Дејли мејл, го потпишале повеќе од 1.000 некогашни воени лица.

„Франција е во опасност. Неколку смртни опасности и се закануваат. Дури и во пензија, остануваме војници на Франција и не можеме во сегашни околности да останемерамнодушни кон судбината на нашата убава земја. Дезинтеграцијата на државата ја прават исламски орди од предградијата, кои одвојуваат големи делови од нацијата и ги претвораат во територија подложна на догми спротивни на нашиот Устав“, се наведува, меѓу останатото, во писмото.