Георгиевски: Ние ќе одлучуваме за новата влада

Коалицијата ВМРО за Македонија ќе одлучува за новата влада, порача вчеравечер Љубчо Георгиевски од митингот во Охрид.

Коалицијата, во која влегоа се ВМРО-Народна, Обединети за македонија и Достоинство, според Георгиевски, е посебен политички субјект и алтернатива и затоа не треба да се гледа преку призмата на ВМРO-ДМНЕ или СДСМ.

„Не не гледајте со кого ние ќе бидеме, прашајте ги другите кој од нив сакаат да бидат со ВМРО за Македонија. Ние ќе бидеме тие кои ќе одлучуваме и ќе ја правиме новата влада на Македонија“, рече Георгиевски.

Георгиевски вели дека жали што направиле грешка, што трите партии не се соединиле до сега.

Анализите покажале дека можат да освојат минимум 10 претници.

ljupco-miting-112