Герасимовски: Финансиска поддршка и соработка со активистите за права на животните

LinkSense.mk

– Во соработка со невладините организации и активистите за правата на животните ќе ги креираме стратегиите за подобрување на условите и намалување на бројот на бездомни животни во општина Центар. Со нив исто така ќе работиме и на подобрување на условите за домашните миленици, како и зголемување на безбедноста на граѓаните. Активистите се најдобро упатени во проблемите и точно знаат како треба да се делува на ова поле и тие со мене како градоначалник може да очекуваат блиска соработка и финансиска поддршка од општината, изјави Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник за општина Центар од СДСМ и Коалицијата.

Герасимовски, посочи дека предвидуваат нови паркови за миленичиња и одржување и реновирање на постоечките, бидејќи миленичињата се составен дел од многу семејства, а и верни пријатели на дечињата. Покрај новите паркови ќе бидат поставени и нови реквизити и урбана опрема, многу содржини за милениците, канти за отпадоци и пултови со специјализирани кесички за измет.

Општина Центар беше првата општина која прифати да учествува во финансирање на Јавно претпријатие „Лајка“ кое го оформи градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-„Лајка“ е стационар по светски стандарди за хумано згрижување на бездомните животни кој воспостави ефикасен систем за контрола на популацијата на кучиња. Денеска сме сведоци на решавање на деценискиот проблем со бездомни кучиња и зголемување на безбедноста на граѓаните. Сепак, работа има уште многу да се направи за што новата локална власт предводена од Герасимовски ќе ја интензивира соработката со активистите и организациите кои се борат за правата на животните, се вели во соопштението од Герасимовски.

Негата на животните, се вели во соопштението, е важна, исто како и хуманиот третман кон нив, поради што општина Центар навистина ќе се посвети во креирање на нови катчиња каде домашните миленици ќе можат да ја трошат енергијата и ќе уживаат.