Германскиот извоз значително забави во ноември

LinkSense.mk

Германскиот извоа значително забави во ноември, покажаа вчера податоците од Заводот за статистика, што ги одразува проблемите со набавките и недостигот на проводници, што особено ја погоди клучната автомобилска индустрија.

Извозот, според сезонските и календарски приспособени податоци во ноември, пораснал за 1,7 отсто во споредба со октомври, кога скокнал за 4,2 отсто, објави Дестатис.

Увозот е зголемен за 3,3 отсто во однос на претходниот месец, кога порасна за 5,2 отсто.

Со тоа, сезонскиот и календарски прилагодениот суфицит во германскиот надворешно-трговски биланс се намали за 12,1 отсто во однос на октомври, на 10,9 милијарди евра.

Германските извозници мака мачат со проблеми во синџирот на снабдување и недостиг на полупроводници, кои особено тешко го погодија автомобилскиот сектор, принудувајќи ги компаниите да ги затворат погоните.

Германскиот извоз во ноември сепак, според прелиминарните податоци, бил за 5,7 отсто поголем од февруари 2020 година, пред почетокот на пандемијата, додека увозот го надминал предпандемиското ниво за 17,5 отсто, утврдил Заводот за статистика.

Германските извозници во ноември ги намалија пратките во Кина за 4,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, на 8,9 милијарди евра. Испораките во САД скокнаа за 14,7 отсто, на 11 милијарди евра.

Кина и понатаму е главен извор на германскиот увоз, кој во ноември порасна за 29,8 отсто, на 14,1 милијарди евра. Увозот од САД е зголемен за „само“ 7,9 отсто, на 6,3 милијарди евра.