Германски лекари: На децата под две години да не им се дава додаден шеќер

LinkSense.mk

Речиси сите уживаат во слатките, а особено децата, но за да се спречат нездравите навики во исхраната кои се формираат во детството, треба да се избегнува прекумерно консумирање шеќер и храна без хранлива вредност.

Децата до две години воопшто не треба да јадат храна со додадени шеќери, е препораката на д-р Улрих Фегелер, член на Германското здружение на педијатри.

Важноста на раните навики

Додадените шеќери се оние кои природно не се наоѓаат во храната и пијалоците. Тоа значи дека парче јаболко е подобра закуска, дека е подобар меѓуоброк за најмалите отколку чоколадно колаче.

Истражувањето покажа дека навиките од раното детство многу влијаат на изборот на храна подоцна во животот“, тврди Фегелер.

Вкусовите што ги развиваат децата тешко се менуваат подоцна. Ако во раното детство се запознаат со различни вкусови, поголема е веројатноста дека подоцна ќе сакаат кисела и горчлива храна.

Изборот на храна има големо влијание врз здравјето на една личност во текот на животот. Ако внесувате премногу шеќер, поголема е веројатноста да бидете дебели, да имате дијабетес, кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок, рак и расипување на забите, рече Фегелер.

Колку шеќер е прифатливо?

Одговорот на прашањето колку шеќер е прифатливо да им се даде на децата, од здравствена перспектива, гласи до четири лажици или 16 грама за двегодишни и тригодишни деца и најмногу пет лажици (20 грама ) за деца на возраст од четири до шест години.

Шеќерите природно се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и млекото. Додадените шеќери се наоѓаат во преработената храна, бисквитите, колачите, слатките, чоколадото, јогуртите со вкусови, засладените житарки, смути, и во овошните и газираните сокови.

На родителите им се препорачува да ја проверат количината на шеќер на етикетите на производите.

Шеќерите се појавуваат под различни имиња: гликозен-фруктозен сируп, високофруктозен сируп од пченка, фруктоза, декстроза, сахароза, гликоза, малтоза, левулоза, мед, овошни сокови, пченкарен сируп, јаворов сируп, сируп од агава и меласа.