Германците се’ посреќни

Според таканаречениот „атлас на среќата“ луѓето во Германија се се посреќни.

Оваа година коефициентот на среќа, на скалата од 1 до 10, ја достигна највисоката вредност од почетокот на мерењето на расположението на граѓаните во 2010 година.

За тоа постојат и добри причини.

Германија е, и покрај сите кризи, сепак економско чудо на кое многу земји сакаат да се огледаат.

Повеќе задоволни се граѓаните на западот отколку на истокот од земјата.

Најоптимистички расположени се, како и до сега, жителите крај Северното море.

Најголем пораст нагоре е забележен во регионот на Северна Рајна и Келн, од дванаесетото на седмото место.

Најскептични се Германците од истокот.