Глицерин за чистење и нега

LinkSense.mk

*Дамки од зрнесто овошје ќе исчезнат ако ги намачкате со глицерин и после еден час ќе ги измиете со солена вода. Дамките на облеката од кафе и чај истријте ги со мешавина од глицерин и кујнска сол (1:1). Кога дамката ќе избледи измијтеја рачно или машински.

*Исполирајте го лакираниот дрвен мебел и огледалата, прашината помалку ќе се таложи на нив.

*Помешајте две лажици глицерин со пет литри вода и со тоа избришете го паркетот или ламинатот за да бидат посјајни.

*Додајте неколку капки глицерин во шампонот и косата ќе биде мека и свиленкаста, а можете да го додадете и во маска за коса.

*Оваа супстанција на кожата прави слој кој привлекува молекули на вода од воздухот и така ја хидрира. После десет дена нега на рацете и стапалата, ќе забежите дека се понежни и помеки, а ноктите посјајни. Навечер десетина минути држете ги рацете и стапалата во топла вода во која ќе додадете неколку капки глицерин.