Голема награда на Германија: Пол позицијата за Фетел

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, оствари најдобро време во квалификациите за Големата награда на Германија и утре ќе стартува од првата позиција на патеката во Хокенхајм.

Втор беше Валтери Ботас од Мерцедес.

Третото најдобро време имаше Кими Раиконен од Ферари, а четврто Макс Ферстапен (Ред Бул).

Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес излета од патеката и не успеа да се врати. Заради тоа тој утре ќе стартува од 14 позиција.

Генерален пласман во Ф1: Фетел 171, Хамилтон 163, Раиконен 116, Рикјардо 106, Ботас 104, Ферштапен 93 …..