Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, победи денес во трката за Формула 1 за Големата награда на Малезија.
Рикардо ја оствари четвртата победа во кариерата, а прва во сезоната и прва после две години. Тој трката на патеката Сепанг ја заврши за еден час, 37 минути и 12 секунди.
Втор беше Макс Верстапен од ред Бул со 2,4 секунди заостанување, а трет низ целта помина Нико Розберг од Мерцедес и покрај казната од десет секунди на конечниот резултат. Тој заостана зад Рикардо 25,5 секунди.
Актуелниот светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес не ја заврши трката поради експлозија на моторот. Инцидентот се случи во 41 круг.
Кими Раиконен го зазеде четвртото место, петти беше Валтери Ботас од Вилијамс, а шести Серхио Перес, возач на Форс Индија. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Мекларен), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Џејсон
Бато (Мекларен) и Џолион Палмер (Рено).
Трката не ја завршија Себастијан Фетел (Ферари), Роман Грожан (Хас), Кевин Магнусен (Рено), Луис Хамилтон (Мерцедес), Естебан Гутијерес (Хас), Фелипе Наср (Заубер)
Следната трка во шампионатот ќе се вози следната недела од 7 часот за Големата награда на Јапонија.
Поредокот на возачите на ГП Малезија
1. Даниел Рикардо (Ред Бул) 1.37.12
2. Макс Верстапен (Ред Бул) +2,4
3. Нико Розберг (Мерцедес) +25
4. Кими Раиконен (Ферари) +28
5. Валери Ботас (Вилијамс) +1:01
6. Серхио Перес (Форс Индија) +1:03
7. Фернандо Алонсо (Мекларен) +1:05
8. Нико Хулкенберг (Форс Индија) +1:14
9. Џејсон Бато (Мекларен) +1:21
10. Џолион Палмер (Рено) +1:35