Голема објава на Доналд Трамп: „Се вратив!“

LinkSense.mk

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера се приклучи на сопствената социјална мрежа „Вистина“, со објава со која потсети на својата позната грешка при пишување од 2017 година.

Се вратив! #COVFEFE“, објави Трамп на социјалната мрежа „Вистина“, со фотографија пред неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Хаштагот „COVFEFE“ се однесува на еден од неговите избришани твитови од пред пет години, во кој тој го осудува медиумското известување за неговата администрација.

Image

 

Твитот од 30 мај 2017 година доби повеќе од 100.000 ретвитови и 100.000 лајкови пред да биде избришан.

Трамп во понеделникот за „Фокс њуз рече дека нема да се врати на Твитер и покрај тоа што Илон Маск ја купи компанијата и повторно го отвори неговиот профил. Тој истакна дека наместо тоа ќе ја користи сопствената социјална мрежа како единствена платформа за својот глас.

Не одам на Твитер. Се надевам дека Илон ќе го подобри и тој е добар човек, но јас ќе останам на ‘Вистина’“.

Социјалната мрежа на Трамп беше официјално покрената минатиот месец.