Гостиварското обвинителство го истражува случајот „Фатиме Сулејмани“

Основното јавно обвинителство во Гостивар по допрен глас денеска оформи предмет за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар.

Се проведува тврдењето на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име.

„Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Вчера на седница на ДИК, на која се разгледуваа приговорите поднесени од Движење Беса, сведочеше оштетената Фатиме Сулејмани.

„Кoгa oтидoв дa глaсaм ми рекoa декa не мoжaм дa глaсaм, зaтoa штo нa мoетo местo веќе имaлo пoтпис. Тoa не е мoјoт пoтпис”, рече Сулејмaни.