Гранатирани градинка, зграда и фабрика за чевли во украинскиот град Днипро, има и жртви

LinkSense.mk

Цивилни цели се под руско гранатирање во централниот украински град Днипро утрово, при што има жртви, соопштија службите за итни случаи.

Тоа е првиот директен напад врз градот.

„Утрово, имаше три воздушни напади врз градот, погодени се градинка, станбена зграда и двокатна фабрика за чевли, при што избувна пожар.

Едно лице загина“, се вели во соопштението на итната служба.

 

МИА