Грковска и Тренчевска на средба со борците од НОБ

LinkSense.mk

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за креирање на политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со делегација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, предводена од претседателот на Главниот одбор на сојузот, Никола Стојановски и потпретседателката Елена Јовановска Грујовска.

„На средбата, вицепремиерката Грковска, која беше придружувана од министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, му честиташе на претседателот Стојановски за неговиот реизбор и нагласи дека Владата на Република Северна Македонија и дава целосна поддршка на организацијата, која има големо значење и која ги одржува сеќавањата на историските придобивки низ кои се роди државноста на нашата земја“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Делегацијата од Сојузот на борци информираа за активностите во нивната работа. Образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, ги презентираа предизвиците со кои се соочуваат во нивното основно функционирање.