Груевски е во нокдаун

Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз, и кандидатите за пратеници во изборната единица 3 од Коалицијата за промени и правда денеска одржаа средба со граѓани во Велес.

„Никола Груевски е избезумен од сознанието дека е готово со него“, им порача на велешани Трајанов.
Патем, Трајанов додаде дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил во ногдаун од, како што рече, аперкатите на Слободан Богоевски.

„Груевски едвај стои на нозе, а го чека уште една рунда. Не сум сигурен како ќе издржи, може предвреме да го напушти рингот, порача Трајанов од Велес.